Брзо се прават уште побрзо се јадат ...
Кикириките и семките од тиква се подпекуваат малку, а потоа се мелат.
Во длабок сад се става пола кг брашно потоа се додава водата маслото квасецот, сол, путерот и семките од тиква и сусам и се почнува да се меси.
Постепено се додава брашно додека се добие средно тесто.
Одтестото веднаш се развлекува кора до дебелина од 5мм и се вадат форми по желба.
Во тавче се редат и се печат на 200 степени додека се добие убава румена боја.

-За подготовка на овие грицки во оригиналниот рецепт стоеше пржени солени кикирики, но јас користев непечени, па ги запеков во микро.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови