Бадемите запечете ги на 150 степени 15 минути, а потоа изблендирајте ги.

Во сад ставете ги брашното, бадемите, маслото, пецивото, сол по вкус и 5 лажици од киселата вода.
Почнете со месење.
Ако има потреба додајте уште кисела вода.
Треба да се добие средно меко тесто.

Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте кора со дебелина по ваша желба.
Посипете со сусам и со сукало поминете низ кората за да се залепи убаво сусамот.
Исечете ја кората на коцки и посолете со малку хималајска сол.

Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Печете на 200 степени, околу 20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани