Садот во кој ќе го месиме тестото ставаме 250 милилитри млака вода, сувиот квасец, 2 лажици брашно и 1 лажичка шеќер. Кога квасецот ќе ,,појде”,се додава останатото брашното, 4 лажици маслинов зејтин и 1 лажичка сол. Замесуваме тесто ,го покриваме и го оставаме да стаса. После тоа расукуваме правоаголна кора со дебелина помала од 1 сантиметар и ја посолуваме со крупна сол. Сечеме пек-хартија малку поголема од кората и ја префрламе кората на хартијата така што посолената страна да легне на хартијата. Сега кората ја премачкуваме со маслинов зејтин. Во еден сад ги ставаме сите зачини и семињата и ги мешаме. Ги посолуваме врз маслиновиот зејтин и малку со сукалото поминуваме врз кората. По ширина на кората сечеме ленти со ширина од 2 сантиметри. Го оставаме тестото вака исечено да одмори 5 минути.
Сега земаме 1 лента и ја замотуваме во спирала. Јас вака добиените спирали ги сечев на половина, а можете да ги оставите и цели ако сакате подолги грисини. Се редат на пек-хартија и се печат на 180 степени околу 15 минути додека да заруменат.
Ароматични грисини кои можете да ги искористите како добро мезе со пиво или како појадок и вечера со јогурт. Тоа вие ќе одлучите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови