Се активира квасецот со млако млеко, 1 лажичка шеќер и малку брашно. Откако ќе се запени се додава маслото, брашното, јајцата, гризот и пецивото. Се меси мазно тесто кое не лепи на рацете.
Се сучи кора дебела 1цм и со помош на калап или чаша се вадат кругови и се редат во плех обложен со мрсна хартија. Преостанатото тесто се премесува и од него се вадат кругови и така додека не се потроши цело тесто.
Се оставаат да стасаат 20тина минути.
Се печат во загреана рерна на 200 степени првите 10мин, а потоа на 180степени уште 20тина минути додека не добијат убава златна боја.
Додека се ладат се подготвува сирупот. Се ставаат на оган водата шеќерот и ванилата. Откако ќе почнат да вријат се оставаат 6-7мин. Со врел шербет се преливаат круговите. Откако ќе омекнат од едната страна се вртат наопаку од другата страна. Се декорираат со сецкани ореви.
Шолјата е од 250мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови