Многу едноставен рецепт за превкусни меки гриз кнедли за супа.

1. Изматете го јајцето со солта.
2. Додете го маслото и се убаво да се измати со вилушка.
3. Потоа додете 8 рамни лажици гриз. Значи не ги преполнувајте лажиците со гриз, доволна ќе биде количината за супа за 4ца, во 1,5 литри течност.
4. Оставете нека постои смесата барем 10 мин, за да се згусне и малце набабри гризот.
5. Јас користев пилешки бујон од предходно варена кокошка во вода со зачини, односно со сол и мешан сув зачин, како и 2 моркови и 1 запечен кромид, исецкан на кругчиња.
6. Пилешкиот бујон треба да врие на тивко и пополека се додава смесата за кнедли. Се става по една кафена лажичка.
На почетокот паѓа смесата на дното и за кратко време, за 10-15 секунди, испливуваат кнедлите на површината, како облачиња.
Не ставајте голема количина од смесата, бидејќи многу набабруваат. Доволно е по една рамна кафена лажичка, а може и помалце од тоа.
7. Кнедлите се варат уште 5 мин, се додава магдонос и се трга на страна супата.
8. Се послужува со лимон и црн бибер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови