Во редот на моите омилени колачи, еве ви презентирам уште еден прекрасен рецепт со розен кори.

Во касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат млекото и шеќерот.
Нека провријаат 1-2 мунти, па ги додаваме путерот и белото чоколадо и мешаме на тивок оган се ддоека не се изедначат.Тргаме од оган и ја додаваме нутелата соединуваме.
Ги додаваме мелените лешници и мелените бисквити.
Со топлот крем ги мачкаме розен корите, кора, фил, кора, фил... до истрошување на состојките.
Јас не ги истрошив сите розен кори, од причина што сакам да е повеќе тортата на фил.
Значи има фил доволно за сите 10 кори.
Оставаме на ладно 2 часа, корите да го впијаат филот.
Ја прелеваме тортата со подготвената глазура и посипуваме шарени конфети.
Потоа сечеме штангли и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани