Предлог за малку поинакви но многу вкусни палачинки.

Во еден сад ги соединуваме брашното, солта, шеќерот и афионот.
Во друг сад ги соединуваме млекото, маслото и јајцата.
Постепено двете смеси ги соединуваме, при тоа матиме за да нема грутчиња.
Оставаме смесата да одстои 10 минути.
Потоа на класичен начин , во загреана тава, во која има додадено некоја капка масло пржиме палачинки.
Сервираме со мармалад од шипки.......
Топол, сладок десерт за ладна зимска ноќ

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани