Додека е сезоната на карфиол, еве уште еден од многуте вкусни рецепти со него.

1. Карфиолот го миеме и го кинеме на поситни цветови. Потоа се става во зовриена вода со 1 лажичка сол и се осатав да се вари 5-7 мин. Се цеди и се остава да се излади.
2. Колбасите ги сецкаме на мали парченца и ги запржуваме.
3. Со маслото од колбасите се премачкува грнето и на дното се става карфиолот.
4. Се прелева со бешамел сос. 
5. Врз него ставаме зачини, како на пр буковец, црн бибер, лукче и сл. по вкус и пржените колбаси.
6. Потоа ги редиме тенките листови едамер и наросуваме со буковец.
7. Се пече на 200 степени околу 10тина мин, односно додека да се растопи кашкавалот.

-Освен во грне, може да се подготви и во други садови за печење.
-Наместо колбаси, може да се замени и со сецкана пропржена сланина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови