Попарата е за мерак.
Бара само 10 минути за подготовка.
Ја напаравив од состојки кои ги имав во фрижидер.
Подгответе ја за вашите најмили

Прво готовиот леб го сецкаме на коцки.
Го оставаме на страна.
Во една касерола ги соединуваме јајцата, солта, биберот, ориганото, сенфот,урдата, магдоносот, киселата павлака, маслиновото масло, млекото и јогуртот.
Убаво со вилушка ја соединуваме смесата.
Тука го додаваме и готовиот леб.
Промешуваме со лажица за да се натопат сите парченца.
Огноотпорен сад тенко го премачкуваме со масло.
Ја истураме смесата во садот
Расфрламе црни маслинки и капари.
Рендамне гауда одозгора.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Додека се печеше попарата малку си поиграв, хахах
Од конзервирано цвекло со мала модличка извадив срциња со цел да додадам нота на свежина.
Нив ги поставив врз испечената попара.
И толкууу.... уживајте во прекрасната вечера

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани