1. Рерната ја загреваме на 180 степени.
2. Овесните снегулки ги ставаме во блендер и кратко блендираме. Оревите и лешниците исто така ги блендираме.
3. Јаболкото го лупиме и рендаме.
4. Во еден сад ги ставаме овесните снегулки, оревите и лешниците, сусамот , сончогледот, медот и ренданото јаболкото.
5. Белката ја матиме со виљушка, го додаваме ѓумбирот и циметот. Белката ја додаваме во садот со овесните снегулки. Промешуваме. Смесата е густа, по потреба доколку е многу густа се додаваат 2 лажици вода. смесата ја делиме на половина, во едната ставаме какао , промешуваме.
6. Во плех обложен со хартија ставаме од смесата по една лажица, обликуваме во вид на правоаголници. Печиме околу 20-25 мин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани