Кога ве мрзи да правите ќофтиња за печениот грав, ова е одлично решение :)

Сварете го гравот. Кромидот исечкајте го ситно и заедно со меленото месо запржете го на малку масло.
Потоа додадете го брашното и откако кратко ќе запржи т.е. се измеша во состојките, додадете го и пиперот кратко да запржи, па турете го варениот грав со 4-5 црпалки од течноста во која се варел.
Додадете ги зачинитие, кои спрема вкусот можи да варираат во количина и избор и на крај одогора распоредете го на различни места ловоровиот лист.
Понекогаш одозгора ставам суви или свежи пиперки. Овој на сликата е со свежи.
Се печи во загреана рерна од 200С околу 20-30 минути, односно додека не фати кора одозгора и испари течноста.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани