Поразлично приготвено тавче гравче со спанаќ,
- Ставете да се вари гравчето, а додека се вари, спремете ги ќофтињата или како што велам јас - кнедлите со спанаќ така што
- Од рачките исчистениот спанаќ исечето го ситно, се става во тавче, се додаваат 2 лажици масло и се пржи до негово потполно омекнување. Се трга на страна.
- Во тањир со вилушка изматете го јајцето, додадете кај оладениот спанаќ, додадете го брашното, солта и биберот, измешајте добро, треба да добиете густа смеса. Брашното не го ставајте одеднаш бидејки не секогаш го прима целото, ова за да ќофтињата бидат растресити.
- Ставете во танџере да се врие вода, помогнете си со две лажици за да зацрпувате од смесата со спанаќ и префрлајки од една во друга лажица ќе ги формирате ќофтињата (кнедлите). Ставајте ги веднаш во водата која врие. Готови се кога ќе испливаат на површината. Извадете и оставете на страна.
Продолжете со подготовката на гравот 
- Изрендајте или испасирајте 3 домати.
- Во тава се става на маслото ситно исецкана една глава кромид и морковот, веднаш ставете и брашно - 1 лажица доволно е (ова зависи колку сакате вие да биде густо), кога ке почне да се пржи додадете го и лукот, кога рабовите на кромидот ке почнат да ја мењат бојата значи и брашното е добро испржено, додадете црвениот пипер - ставете ја вака приготвената потпршка во гравчето. Додадете го пасираниот домат и оставете неколку време заедно да врие. Потоа
зачинете со зачинките, преместете го гравчето во тавче, наредете ги ќофтињата како и исечените кругови од останатиот домат. Ставете во рерна и нека се потпекува до неговата готовност.
НАПОМЕНА
- Наместо пасираниот домат слободно ставете пире од домати.
- За вака приготвен грав јас би препорачала дупло состојки за ќофтињата, ми се чини дека се малку.
- Би ви предложила да доколку не сакате грав со повеќе домати пригответе си го онака како што го сакате вие, додаток ќе бидат само ќофтињата.
- Погоре напишав брашното да не го ставате одеднаш, може да се случи да не е толку сочен спанаќот доколку предходно ви е измиен и неколку дена стоел во фрижидер (ја губи сочноста). Ова го знам од искуство - еве и денес ми се случи истото. За три дена што стоеше измиен и исчистен.. тој малку и дехидрирал.

.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани