Гибаницата е правена во тавче со обрач број 28.
За филот се мешаат сите состојки па на крајот се додава сецканиот спанаќ(јас користев свеж).
Прво се намастува тавчето со малку масло, па се редат една над друга две кори.
Останатите кори една по една се гужваат па се натопуваат во филот и се редат една до друга во тавчето.
Од горе се ставаат уште две кори.
Вака формирана гибаницата се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови