Гадо-гадо е традиционална индонезиска салата, микс од различлни состојки од сезонски зеленчук и никогаш на вкус не е иста поради различноста на самиот зеленчук кој се користи. Оваа салата е оброк салата...

Салатата
- Излупете го компирот и сварете во посолена вода, потоа исечете во форма која сакате вие.
- Варените јаца излупете и исечете ги пред самото послужување.
- Измиената и исцедена зелена салата искинете на помали парчиња.
- Доматот исечете го на кришки, нелупена краставицата исечете на не многу тенки парчиња, ротквиците исчистете и исечете исто така било на четвртинки било на кругови- поставете на тањие во кој ке ја служите, па целото тоа малку посолете и посипете со сокот од лимон. Откако сте ги ставиле и исечените варени јајца, тогаш посипете одозгора со исецканиот магдонос и печените толчени кикиритки.
Послужете ја салатата така како што сте ја спремиле на тањирот, а преливот ќе го послужите посебно за да секој сам се послужи и прелие на салатата.
Прелив
-Во сад одмерете од кикирики путерот, додадете го сокот од лимонот и маслото. Додадете прстофат шеќер, соја сосот, енергично измешајте да се сите состојки соединат, а потоа додавајте од водата се додека ја добиете саканата густина. Додадете многу ситно исецкани или истолчени чили пиперчиња, сервирајте го засебно во друг сад.
Послужете се и уживајте во спојот на вкусовите кои ги прави преливот.
НАПОМЕНА
- Ова е исто така идеја како да се паметно искористат Велигденските јајца
- Во оваа салата може д се стават никулци, по малку од секој зеленчук, на коцки исечено и пропржено тофу сирење, може да се додаде и бланширан спанак, боранија, морков,
- Ако немате чили пиперчиња ( како јас за денешната салата) ставете буковец, ако не сакте да преливот биде пикантен - едноставно изоставете го.
За повеќе особи дуплирајте ги состојките.
Мој совет за вас е во врска со преливот, мене секогаш ми е малку оваа количина, дупло го приготвувам и пак ми малку. Многу е вкусен, но да зпишам овде дека имаме поделени мислења околу него... без додавање на соја сосот што се однесува до мене мноооогу ми е повкусен, за разлика од останатите кои го сакаат со соја сос. Според мене за неколку нијанси ми е повкусен без него.. вие како сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани