Квасецот, млекото, шеќерот и малку брашно измешајте ги и оставете ги десетина минути.
Во него ставете го маслото, јајцето, солта, а брашно додавајте постепено се додека не добиете нелепливо, меко тесто. Убаво измесете го и оставете го покриено отприлика еден час.
За филот, изблендирајте ги џимиринките со другите состојки, да се добие смеса која ќе може да се мачка.
Тестото расучете го на набрашнета површина, во една поголема правоаголна кора.
На половината ставете ја смесата и со другата половина преклопете. Исечете го на долги ленти, отприлика на 3-4 цм. Секоја лента замотајте ја од двете страни и првата свиткајте ја во полжавче и ставете ја на премачкана тепсија. Другите виткајте ги во продолжение на првата. Одозгора премачкајте со јајце.
Покријте ја тепсијата и оставете ја отприлика половина час настрана, пред да ја ставите да се пече.
Печете на 180 степени додека не добие убава, румена боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови