Ова е рецепт за вкусни и крцкави чајни бисквити, кои лесно се прават, а уште полесно се јадат. После печење, вашиот дом ќе мириса прекрасно, дури и следниот ден. Јас многу го сакам мирисот на печени колачи од кои се шири мирисот на ѓумбир и цимет. Подготовката е брза и лесна.

1. Се матат јајцата и шеќерот и се додава путерот.
2. Се додаваат сите останати состојки, се меша со миксер, а потоа тестото се меси кратко со рака колку да се спојат убаво сите состојк. Ставете го во најлонска и во фрижидер да отстои половина час.
3.Поделете го тестото на неколку дела и секој дел раширете го во кора со дебелина од 5 мм. Исечете и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Од тестото кое останува по вадењето на формите пак раширете кора и извадете форми..
4. Се печат во загреана рерна на 200 до 220 Целзиусови степени од 8 до 10 минути. Ако вашиото тесто е потенко, времето за печење е пократко.
5.По печењето кога колачињата ќе се изладат, посипете шеќер во прав или декорирајте по желба, јас ништо не додавам зашто се вкусни такви како што се.
6. Чувајте ги во кутија, јас имам лимена кутија во која си ги чувам бисквитите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови