Кога немате доволно време, а сакате нешто домашно благо,еве ви предлог.
Вкусни мафини во кои доминира кокосот и ванилата.
Јајцето го кршиме во длабок сад, па го помешуваме со шеќерот.
Додаваме масло, млеко и зачинуваме со сол.
Во друг сад го помешуваме брашното, со содата и пецивото, го додаваме во претходниот сад,постепено.
Промешуваме со лажица и додаваме кокос и екстрат од ванила.
Смесата треба да е густо леплива.
Калапите во кои ќе печеме ги полниме со корпици, а корпиците ги полниме до средина.
Врз колачите попрскајте кокос, нека се богати со кокос.
Рерната нека е жешка и печете околу 15 минути.
Проверете дали се печенисо чепкалка и извадете ги од рерна.
Печете на висока температура, намалете, да не горикокосот што го ставивте одозгора.
Ова е еден преубав брз колач,кој се топи во уста.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови