Одамна барам рецепт за вкусна, сочна пица со кремаст фил од спанаќ и мислам дека конечно го најдов..

- Тестото го направив според рецептот кој претходно го имам објавено 
- Во тава за пржење го додаваме путерот и исецканиот спанаќ и го пржиме се додека водата не испари, потоа го додаваме испасираниот лук заедно со солта и црниот бибер, готвиме уште некоја минута. Филот оставаме да се излади.
- Во меѓувреме го расукуваме тестото во големина на тавата или плехот за печење и врз него ја распоредуваме доматната салса.
- Во оладениот фил го додаваме крем фрешот заедно со издробената горгонзола.
- Приготвениот фил го распоредуваме врз пицата.
- Печеме во загреана рерна на 250Ц 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови