Уште еден од низата хроно рецепти, овој пат вкусен намаз за хроно доручек.

Многу едноставен за подготовка, а превкусен. Сите состојки се мешаат и се добива убав намаз, кој се нарасува со буковец.

Овој намаз одлично одговара со хроно леб со сода и лимон.

Ако сте на хроно исхрана - во рестриктивен период дозволено е за доручек да се внесува леблебија, но не многу често, а вон рестрикција може и за ручек, како фалафел-плескавици од наут и сл рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови