Од брашното, квасецот, солта, шеќерот и водата замесете тесто.
Оставете го на топло место да стаса.
Тестото извадете го и рассукајте во еден пласт, поделете го на пола, премачкајте со зејтин и ставете ги половините една на друга. Пак поделете го на пола премачкајте со зејтин и пак ставете ги половините една на друга.
Тесто рассукајте намачкајте го со кечап и посипете со семиња по желба. Јас ставив сусам, ленено семе и афион.
Тестото сечете го на стапчиња, секое стапче завиткајте го.
Наредете на намрсен плех и оставете на 15-20 минути.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани