Во вангличе просејте го брашното, додајте сол, шеќер, сув квасец, јајца, топло млеко, јогурт и замесете тесто. По потреба додавајте топла вода додека не замесите тесто. Тестото намачкајте го со зејтин и оставете да стаса.
Стасаното тесто поделете го на мали топчиња.
Секое топче рсзсукајте го малку, намачкајте со маргарин, наросете со мешан сув зачин и магдонос. Завиткајте го во ролат, пресечете на пола во должина и завиткајте плетенка. Краевите залепете ги.
Направените соленки наредете ги во тепсија и оставете на топло место на 20 минути.
Намачкајте ги соленките со јајце и наросете со сусам.
Печете во рерна на 250 степени 30 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани