Еве една идеја за превкусен хроно појадок за четворица.
1. Од наведените состојки замесуваме тесто.
2. Прво ги мешаме брашната, додаваме сол и сакани семиња, промешуваме, правиме дупче на средина, додаваме масло и вода и замесуваме еднолично и нелепливо тесто.
3. Тестото го оставаме да отстои 5 минути.
4. Го делиме на два дела и двата дела ги расукуваме меѓу два дела растеглива фолија во две кори.
5. Едната кора ја ставаме на дното на таваата за печење 28.
6. Врз неа најпрво го ставаме доматниот сос, па празот, па печурките, па моцарелата исечена на парчиња.
7. Врз моцарелата ставаме оригано и црн бибер и малку семки од тиква. Може да се додадат и дополнителни зачини по желба.
8. Врз полнењето ја ставаме втората кора, затвораме убаво од по краевите и ставаме семки по желба.
9. Готовата затворена пица ја сечеме на неколку дела и ја ставаме да се испече во загреана рерна на 200 степени околу 30 до 40 минути (додека убаво да порумени од по краевите).
10. Откако малку ќе се излади – појадокот е спремен за послужување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови