Се ближат празници, па еве еден посен рецепт за десерт.
Шеќерот и медот ставете ги да се стопат на пониска температура.
Бананите испасирајте ги и додајте ги во садот.
На страна измешајте го брашното и пецивото и полека додавајте го во смесата,  полејте со сокот од лимон.
Тргнете од оган и благо промешувајте.
Калапот за мафинки нека биде премачкан со масло и брашно.
Ставете ја смесата и печете 15минути на 200 степени.
Едноставни и вкусни посни мафинки.
Ако не го премачкате калапот со масло, тогаш овие мафини можат да служат како одлична храна за оние кои постат без масло.
Да напоменам дека јас направив неколку и во корпици,но се лепат на хартијата.
За да ги украсите, користете фондан.
Ги направив ушите па издекорирав како зајци.
Декорацијата ќе ја оставам на вашата фантазија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови