Секое поднебје си има свои карактеристики, свои специјалитети, свои обичаи.
Нашето, велешкото, има многу. Еден од многуте е и велешкото ѓозлеме.
Многу од помладите генерации и не знаат како се подготвува, па затоа ќе го пишам начинот кој моите ми го оставија во наследство.

Во 250 мл топла вода се разматува еден квасец.
Се додава 1 лажиче шеќер и едно лажиче брашно.
Па се помешува добро.
Се достава 100 мл масло, па постепено месејќи доставајте брашно по потреба.
Посолете со една лажица сол.
Замесете тесто и оставете го да одмори.
Тестото треба да е средно, ни меко ни тврдо.
Штом ќе се дуплира тестото, разделете го на онолку топчиња колку ви е големината на тавчето.
Значи кога ќе ја усукате кората да ви е колку тавчето.
( јас го разделив на 5 топчиња)
Се сука кора, во зависност од тавчето и дебелината.
На секоја кора рендајте сирење и попрскајте масло.
Користев козјо сирење, што не мора да значи дека треба и вие да ставите козјо.
На последната кора не ставајте ништо, само пресечете ја како за баклава и на секој пресек ставете свинско мевце.
Оставете нека стаса, повторно, па печете додека не зарумени.
Колку повеќе стои да стаса, толку е поубаво.
Од маслото и сирењето, секоја кора си се дели.
Иако Велешко, секоја куќа си има свој начин на подготовка. Оној кој сака пповеќе месо, ја реди површината на кората со повеќе месо.
Или пак секоја коцка во средината ја полни со месо.
Мојот начин е вака, па повелете и пробајте.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови