За овие канапеи се користи француски леб кој се сече навкосо на кришки.
- Секоја кришка се премачкува со ајвар, потоа со мала лажичка се става од сирниот намаз кој по состав е средно густ.
- Одозгора се ставаат лентички марула, се ренда свеж морков на најситно ренде, се наросува со сечкан магдонос и сусам.
Комбинација на едноставни состојки кои даваат одличен вкус.
За време на пости, наместо сирен намаз одлични се и со посен мајонез.
Направете си онолку канапеи колку вам ви требаат.
Препаре а ла минут!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани