1. Тофуто се ренда и се меша со ситно исецкан црвен кромид. Оваа смеса се маринира во соја сосот (околу 30 минути).
2. Двата вида на компир се сецкаат на тенки кругови.
3. Морковите се сецкаат на ситни коцки.

4. Смесата од тофу, соја сос и црвен кромид се пржи на 1 лажица сончогледово масло заедно со ситно исецканиот морков (сите течности да испарат или околу 10 минути).
5. Се подготвува 700 мл вода со една зеленчукова коцка за супа.

6. Двата вида компири се делат на два дела - се реди првиот дел од компирот во сад за печење во рерна, се додава пропржената смеса на тофу и се реди вториот дел од компирот.
7. Компирот се залива со зовриената зеленчукова супа.
8. Пред да се стави во рерна се покрива со алуминиумска фолија, на која се прават неколку дупчиња.
9. Се пече околу 1 час на 220 степени. По 40 минути печење фолијата може да се извади.

10. Се матат јајцата во кои се додаваат зачини по вкус. Мусаката се прелива со изматените јајца и се враќа во рерната уште 10тина минути.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови