Едноставен, но превкусен појадок или десерт кој се прави брзо и лесно, а притоа е вистинско гориво за нашиот организам кој истовремено доста заситува..

- Најпрво во сад се соединува млекото од ориз и семето од чиа, смесата се промешува и се остава половина час да одстои. Потоа се додава рогачот, какаото и медот и со тоа е готов темниот крем.
- Во блендер ги блендираме состојките за светлиот дел се до мазна, соединета смеса.
- Во чаша наизменично ставаме од двата фила. Украсуваме по желба, јас наросив малку кокос.
- Се чува во фрижидер.

Напомена
Слободно додадете и некое исецкано овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови