Вафливе ги правев прв пат(со новиот апарат на Делимано) рецептов е моментална инспирација и испаднаа совршени.
Чашата е од 250 мл.
Прво се матат јацата со шеќерот.
Се додаваат течните состојки и убаво се меша.
На крај се додава брашното со печивото, се меша и се додаваат неколку капки лимонов сок.
Во мегувреме апаратот за вафли се вклучува да се загрее и се мачка со малку масло.
На загреаниот апарат ставаме неколку лажици од смесата (додека се покрие долниот дел).
Вафлите ги печеме околу 15 минути, може и малку повеќе во зависност од вашиот вкус,
Од оваа смеса излегуваат седум вафли.
Ние ги јадевме со мед,шумско овошје и шеќер во прав.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови