1. Вафлите ги редиме во правоаголно плехче.
2. Прв фил
Млекото го ставаме во тенџере на оган. 6 лажици од млекото ставаме во длабока чинија , во која ги додаваме пудингот и шеќерот. Мешаме додека не се растопат. Смесата ја додаваме во млекото на оган, мешаме додека не се згусни пудингот.
3. Пудингот го тргаме на страна, додека е жежок го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи. Кога малку ќе се олади, 4-5 лажици ставаме врз вафлите, премачкуваме, а остатокот од пудинг го оставаме да се олади.
4. Крем бананчињата ги сецкаме, а бисквитите ги кршиме на парчиња. Ги додаваме во оладениот пудинг од ванила, промешуваме а смесата ја ставаме врз вафлите. Ставаме во фрижидер.
5. Втор фил
Млекото го ставаме во тенџере на оган. 6-7 лажици од млекото ставаме во длабока чинија, во која ги додаваме пудинзите и шеќерот. Мешаме додека не се растопат. Смесата ја додаваме во млекото на оган, мешаме додека не се згусни пудингот.
6. Додека е жежок го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи. Оставаме пудингот да се олади. Обландите и чајните колачиња ги кршиме на парчиња, ги додаваме во пудингот и промешуваме. Филот го ставаме врз белиот. Ставаме да се олади.
7. Млекото го ставаме во длабок сад, го додаваме шлагот, матиме. Тортата ја украсуваме.

Јас користев готови вафли, бидејќи немам апаратче за вафли, кој има може да си направи домашни, а и кога ви треба десерт за набрзина, вршат работа и готовите вафли =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани