Додека да ни стаса киселата зелка си правиме ручек и од свежа зелка, а пак печурките по своите својства ни се одлична замена за месо.

Подготовка
Свежата зелка ја сечкаме на ситно и ја ставаме во експрес лонец. Морковите ги сечкаме на ситни коцкички. Печурките ги сечкаме на четвртини и нив ги ставаме во лонецот, заедно со сите останати состојки. Ставаме вода ама да не ја покрива целата количина затоа што зелката омекнува, а бидејќи се вари во експрес лонец, ем побрзо се вари ем не ја губи многу течноста. Откако ќе се свари може да ја послужиме.

Забелешка
Кога го купував Делимано експрес лонецот со него добив и табела со времетраење на готвење на продуктите и се водам по нејзе, одлично функционира. На самиот капак има сигнализатор кој кога ќе биде веќе лонецот под притисок излегува од своето лежиште. Од како ќе сигнализира вариме уште околу 4-5 минути, ја исклучуваме ринглата, го оставаме да се довари. Вие пак си ги знаете вашите тенџериња како ви готват и водете се според нив.
Ако варите или динстате во обично тенџере во тој случај ќе ви треба повеќе време за варење, односно додека да омекне зелката, а откако ќе почне да врие варете на тивок оган.
Лимонтус ставате ако сакате ручекот да има шмек на кисела зелка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани