Еден од рецептите за варено вино на старите римјани кое за мене има одличен вкус, потсетува на ликер, но не е ликер, за да го вкусите ќе мора да го приготвите.
 
- Виното и медот ставете во сад и доведете до вриење. Додадете го ловоровиот лист, урмите, биберот (столчете едно од зрната бибер), шафранот, оставете да вари само неколку секунди и тргнете на страна. Нека одстои една ноќ за да наредниот ден го процедите. Во вака добиената ароматна напивка додадете уште 1 л. вино согласно вашите вкусови евентуално може да додадете уште 1/2 л. вино - измешајте и послужете.
Напомена
- Значи во прецеденото одлежано вино најпрво ќе додадете 1 л. а потоа зависно од вашиот вкус - долевајте по малку вино се додека одлучите дека е доволно. При мојата подготовка не изменив ништо - со 1 л. вино беше доволно.

Јас сум од Виница и се надевам дека ви е познато за Археолошкиот локалитет Виничко Кале кое е утврдена населба од доцноантичкото време. Најверовјатно и од тука потекнува и мојата љубопитност за кујните во античкото време и нивниот начин на исхрана - додека археолозите си го вршат својот професионален дел.
Преку пронајдените теракотни икони кои беа на изложба во многу држави и интересот за нив е голем - светот ја запозна Виница.
Уште од мали слушавме и ја третиравме како приказна дека Виница го носи своето име токму поради тоа што имало многу вино и во недостаток на вода - малтерот го мешале со вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани