Се меси средно меко тесто и се дели на 12 топчиња.
Во тенџере на оган се става вода да зоврие заедно со медот.
Од секое топче се оформува ѓеврече и веднаш се става во водата што врие. Тоа ќе исплива веднаш на површина.
Се вади од водата и се посипува обилно со сусам.
На намрсен плех се редат ѓевречињата и се печат на 250 степени додека не поруменат.
Меки, крцкави превкусни. Препорачувам дупла доза. Од оваа доза излегуваат околу 12 мини ѓевречиња

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови