Рецептот ми го даде сестра ми пред некое време и морам да кажам дека ме воодушеви. Ѓевречињата буквално се топат в уста дури и кога се оладени. Не се тегави како купечките кога ќе се оладат.

Се става квасецот да се активира во малку млака вода со 2 лажици брашно и се става и шеќерот. Откако ќе се активира, се додава остатокот од брашното, сол и маслото. Се замесува убаво тестото со вода (по потреба) и се вадат 22 топчиња. Се оставаат да покиснат 20тина минути.
Потоа со дрвена лажица се прави дупка во средината на секое топче и се прави форма на ѓеврек. Јас ги направив подебелки и помали.

Се зоврива водата со медот и секој ѓеврек се става во зовриената вода неколку секунди, со голема лажица со дупки се вади и веднаш се валка во сусам и се редат на плех обложен со хартија за печење.

Се печат веднаш на 200 степени дур да поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови