Празниците завршија, време е да се вратиме на хроно рецептите. Овие превкусни хроно варени ѓевречиња, кои ги препорачувам на секого да го проба!

1. Сувите состојки се мешаат во длабок сад. Прелеваме со растопен путер и мешаме. Потоа се додава киселото млеко и на крај киселата вода, по потреба.
2. Тестото го ставаме на набрашнета работна маса и убаво го месиме. Треба да се замеси на средо меко, нелепливо тесто. Брашно посипуваме по потреба, додека не добиеме убава нелеплива смеса!
3. Го делиме на 8-10 дела, зависно колку големи сакате да бидат. Развлекуваме долги стапчиња. Ги вртиме во круг и краевите ги лепиме со малце вода.
4. Се загрева 1л вода со 3 лажички сода. Зовриената вода, ја тргаме од оган и во нив ги потопуваме ѓевречињата на 15-20 секунди. Ги вадиме со лажица-решетка, ги процедуваме и ги ставаме во сусам. Убаво се валкаат и се редат во тава за печење.
5. Се печат на 200 степени околу 15 мин.

Внимавајте за комбинацијата на ова пециво, бидејќи има кисело млеко. Ако сакате посни, ставете само кисела вода, така ќе имате и поголем избор на комбинации.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови