Преубави се, се топат во уста! Баш празничен рецепт!
1. Јајцето се мати со 2 ванили и со шеќерот.
2. Се додава маслото и стопениот маргарин, а потоа се мати убаво со мискерот.
3. Потоа се додава брашното, пецивото, кокосот и лимоновата кора.
4. Прво се меша со лажица, а потоа се замесува тесто со рака.
5. За полесно да се работи, пожелно е да се стави пола час во фрижидер.
6. Се сука тестото, се вадат колачи со форма по желба, се редат во плех, се печат на 180 степени во загреана рерна додека да поруменат сосема малку.
7. Веднаш, топли се валкаат во шеќер во прав измешан со ванила.
8. Може да се послужат одма, но ако отстојат преку ноќ се уште поубави!
Шолјата е од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови