Поздрава верзија на класичните ванилици со маст, воедно многу вкусни колачиња во кои можете да уживате без грижа на совест.

- Во сад се соединува брашното, мелените ореви, циметот и кората од лимон. Потоа се додаваат преостанатите состојки путерот, медот и млекото, се замесува тесто.
- Се остава да одмори 30 минути во фрижидер.
- Тестото се расукува и со калап се вадат форми. Се редат на плех и се печат 10-12 минути на 180 Ц, притоа се внимава да не се препечат.
- Оладените ванилици се мачкаат со мармаладот и се преклопуваат.
- По желба се посипуваат со шеќер во прав, јас ги посипав со мелен кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови