За миеното сало знаев, кога го родив првото дете свекрва ми ми носеше миено сало измешано со малку масло од невен да го мачкам. Го користев, оособено во зимски денови, после капење.
Рецептот го прочитав кај Инка и читајќи ги позитивните коментари решив да ги направам овие ванилици и не се излагав, посебни се, вкусни, меки, се топат в уста.
Салото ставете го во некој метален сад, турете 200 мл ладна вода и почнете да го матите со некој дрвена лажица. Матете неколку минути и истурете ја водата. Турете нова и продолжете со матење. Повторете ја постапката 5-6 пати. На крајот салото ќе биде меко, бело, пенливо, како шлаг. Ставете го во цедалка и оставете го некое време да се доисцеди водата.
Во него ставете го јајцето, лимонот, шеќерот, оревите и додавајќи го брашното месете се додека не добиете убава, мазна топка. Ставете го тестото во фрижидер.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Исучете го тестото во кора, дебелина отприлика 3мм и сечете или со ракиена чашка или со некое калапче. Наредете ги на плех прекриен со хартија и печете ги се додека не заруменат малку по краевите. Нека се подоладат па после ваѓајте ги.
Спојувајте ги со омилениот мармалад и испрпелајте ги во шеќер во прав во кој сте ја ставиле ванилата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови