И овој рецепт е по мој „тертип“. Обожавам ванила арома, шлаг комбиниран со инстант кафе и кекси, па бидејќи ги имав состојките, решив да составам нешто брзо, лесно, летно и освежително. Се надевам ќе ви се допадне!
Од млекото одземаме 15 лажици и ги мешаме заедно со пудизните и шеќерите, убаво, до изедначување.
Останатото млеко се вари на тивок оган додека да зоврие, па му се додава смесата со пудинзите. Нека се излади.
Шеќерот во прав и маргаринот се матат на страна. Им се додава изладениот пудинг и се мати до изедначување на смесата.
Шлаг кремот се мати додека не стане цврст.
Во 50 мл. млеко се раствора инстант кафето во кое што ќе се мацкаат бисквитите, па се реди тортата по следниот редослед - бисквити, пудинг-крем, шлаг крем. Се завршува со шлаг крем.
Декорација по желба. Се остава во фрижидер да се излади, се сече по желба, па се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови