Многу лесно и брзо се спрема овој десерт. Потребен е само миксер и најмногу 15на минути време.
Бисквитите се макаат во ладно млеко и се редат на рамна подлога или правоаголна тава.
Прашоците за инстант пудинг се мешаат со млекото и ванилите и се миксираат до згуснување.
Се додава слатката павлака и шеќерот и се миксира додека смесата стани како крем.
Се истура врз наредените бисквити и се израмнува.
Одозгора се ренда на крупно чоколадото.
Се остава во фрижидер неколку часа убаво да стегни, а најдобро преку ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани