Започнуваме со подготовка на кремот од ванила.
Во 500 мл млеко додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и ставете да проврие.
Во преостанатото млеко ставете го пудингот измешајте и ставете го во млекото што врие. Варете да добиете густ фил. Оставете да се излади, а потоа изматете го со путерот и поделете го на два дела.
Во блендер ставете ги малините и 50 мл вода, ставете ги во сад додадете го шеќерот и ванилата и оставете да зоврие.
Во 150 мл вода разматете го пудингот и потоа додете го во малините да сварите густ фил. Оставете 30 мин да се излади филот.

На тацна или во тавче наредете еден ред од бисквитите врз нив ставете го едниот дел од белиот фил, потоа ставете друг ред бисквити. па филот со малини, повторно ред бисквити, па ред бел фил и се завршува со ред бисквити.
Оставете го колачот преку ноќ да омекне убаво.
Декорирајте по желба јас цела торта ја премачкав со шлаг крем.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови