Премеки и превкусни бухтли.

Квасецот ставете го во топлото млеко заедно со шеќерот и брашното. Убаво промешајте и оставете да запени квасецот.

Во еден длабок сад ставете го просеаното брашно, шеќерот и солта. Во топлото млеко додадете го јајцето и изматете со жица. Додадете во брашното, исто и стопениот путер и стасаниот квасец. Убаво изработете го тестото со миксер со маталките за тесто. Матете додека тестото да почне да се двои од страниците од садот. Покријте со крпа и оставете на топло да стаса додека го дуплира волуменот.
Округло тавче со пречник од 26см прамачкајте го со сосема малку зејтин и ставете хартија за печење.
Кратко премесете го тестото и поделете го на 16 топчиња. Секое топче развлечете го малку на дланката и полнете со крем или мармалад. Затворете ги страниците како вреќичка, оформете и топче. Затворениот дел оди на дното од тавата. Одкако ќе ги наредите сите топчиња покријте со крпа и оставете повторно да стаса (некои 15 мин.) Премачкајте ги со стопен путер и наросете шеќер во прав.
Ставете го тавчето со бухтлите во ладна рерна, вклучете ја на 160 степени и печете околу 30 минути во зависност од рерната. Бухтлите треба убаво да поруменат.

Откако се испекле, оставете малку да оладат па наросете ги повторно со шеќер во прав.

Со тоа што пред печењето ќе ги премачкате со путер и наросите со шеќер во прав, коричката на бухтлите ќе биде крцкава и слатка. Битно е рерната да не е загреана кога ќе ги ставите да се печат. По желба може во тестото да ставите екстрат од ванила или рендана кора од лимон или портокал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани