На загреано масло ги пропржуваме ситно сецканите кромид и лук.
Ги додаваме шампињоните сечени на танки листови.
Пржиме на појак оган, со цел течноста која ја испуштаат шампињоните побрзо да испари.
Или може од кога ќе овенат, значи малку ќе се запржат, да ја истуриме течноста која ја пуштиле.
Јас работев на првиот начин, како што напишав, бидејќи така се повкусни.
Тргаме од оган, додаваме зачини.
Во два-три наврати ги ставаме во Нутрибулет и ги сецкаме.
Во вангличка ги ставаме ситно мелените бадеми, презлата, пржените мелени шампињони, јајце, магдонос...
Со рака убаво ја изработуваме, соединуваме смесата.
Формираме 8 бургери.
Танко од двете страни ги наросуваме со малку брашно.
Ги редиме во плех во кој имаме ставено хартија за печење и попрскано малку масло.
Ги печиме по 7-8 минути во загреана релна на 220 степени, прво од едната, а потоа ги превртуваме и ги печиме и од другата страна.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани