Ова е брза подготовка на булгур салата. Булгурот се вари 20 мин. Јас некогаш го оставам само во вода неколку часа и така го конзумирам, без варање.
При варењето на тивко, може да додадете прстофат сол.
Морковот го рендам, цвеклото ако е свежо може да го изрендате, или на парченца ако е домашна туршија. Мене ова ми беше последната тегла од зимницата. Сварениот бунгур се меша со зеленчукот, се додаваат солта, маслото и балсамико по желба. Јас си ставив и црн сусам на крај и малку чили сос.
Здрава и вкусна салата.
Зграбете лажица и пуштете си убав филм :)

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови