1. Доматот го сечеме така што да ги извадиме најголемите 2 кругови од него. Компирот го сечеме на половина и потоа сечеме 2 парчиња од него.
2. Во чинија ги редиме доматот и компирот така што доматот ќе биде тело, а компирот главче на бувчето.
3. За очите, сечеме крукче од белиот дел на празот, го набодуваме со чепкалка во средината и потоа го боцнуваме едното зрно грашок, така што зрното грашок и врвот на чепкалката да бидат нагоре. Така ги добиваме очите.
4. Под парчињата домат ставаме помало парче од зелениот дел на празот, а помеѓу малото празно место од доматот и празот ги ставаме коцките морков за ножиња.
5. Од пиперката го сечеме само врвот на половина и потоа пак на половина (во должина) и му ставаме клунче на бувчето.
6. За крилцата сечеме 4 тенки парчиња од кромидот и ги вадиме внатрешните делови. Парчињата ги ставаме од страните на доматите.

*Грашок и морков користев од замрзнатиот микс на зеленчук

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови