На хартија за печење ставете 4 кришки тонус леб. Прво премачкајте ги со путер, на нив ставете зачини сол и мешан сув зачин, па премачкајте ги со сенф.
Одозгора ставаме 2 тенко исечкани парчиња домати, малку сирење и кашкавал.
Пак ставаме зачини, сол, мешан сув зачин, оригано, малку букавец и сусам.
Ги печеме во веќе загреана рерна на 200степени околу 10мин.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови