За вакви и слични предлози со смокви еден мал милион предлози.. ги сакам со сирење, со урда, со крем сирење, сино сирење, со пршута... секое со посебни вкусови.. ова не е и некој рецепт - повеќе идеја
- Значи ке исечете кришки леб без разлика дали е францускиот или обичен.. кога каков имам - таков користам. Се потпекуваат, се премачкуваат со урда сеуште топлите лепчиња, се сече смоквата дали на тркалца или четвртини, осмини, шестини - како сакате така, обилно залијте со мед, посипете со ореви... толку, понатаму кој ги сака ваквите вкусови - ќе ужива.
Зависно со што ги спремам, многупати ставам и од шарениот бибер, ацето балзамико.. сос од калинка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани