- Во сад ставете го млекото, какаото и путерот и варете на тивок оган се додека се смесата се изедначи, да се згусти. Готово е кога ќе почне да се одвојува од садот. Тоа трае некаде околу 10-12 мин.
- Истурете ја смесата во поголем плиток сад за да се олади побргу.
- Од оладената смеса земајте со лажичка и правете топчиња, валкајте ги во кокос, чоколадни трошки, мелени ореви, бадем... во се што сакате вие...
Лесни за подготовка, а вкусни бомбички.
Напомена
Доколку немате кондензирано млеко, има рецепти како да го направите во домашни услови. 
- Бидејки се доста заситни, предлогот е да бидат мали бомбички кои некаде се околу 30 на број од горенаведените состојки.
ЛуАнн, по чиј рецепт ги правев овие бомбци вели дека за некоја парти забава и сега големите празници во Бразил не можело да се замисли без нив. Покрај тоа што заклучив дека се многу едноставни за подготовка, љубопитноста кај мене беше голема за да видам каква е таа делиција во Бразил без која не може да се замисли Божиќ.
Срекни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани