Пилешкото месо исечете го на мали коцки.
Посолете, наросете бибер и посипете со кари.
Убаво измешајте и ставете на загреано масло да се пржи.
Доволно е 5-10 минути за да биде помеко и посочно.
Со многу пржење ќе се исуши, но сепак времето на пржење одредете го сами.

Брокулата исечете ја на помали цветчиња и ставете ја во тава со малку вода да се динста.
Потоа во тавата додајте ги тиквичката и морковот исечени на листови, сецканото лукче и путерот.
Откако зеленчукот малку ќе омекне, додајте ја павлаката за готвење.
Оставете на оган уште 1 минута.
Тргнете ја тавата од оган, додајте ги пармезанот и убаво измешајте.

Вака спреманиот зеленчук послужете го со претходно испрженото месо.

Совет
Бидејќи и пилешкото и зеленчукот се спремаат брзо, подготвувајте ги паралелно.
Зеленчукот не гответе го многу, поубав е ако е малку крцкав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани