Брз, лесен и за правење и за јадење, погоден кога се нема многу време, без многу додатоци, ете вака ќе го опишам овој вкусен колач.

1. Јајцата и шеќерот се матат пенесто, се додава просеаното брашно кое претходно е измешано со пецивото, се мати со мала брзина на миксерот да се добие мазна смеса и се истура во тавче бр. 26 обложено со хартија за печење.

2. Се пече на 200 степени 25 минути и уште 10 минути на 180 степени. Кога убаво ќе излади, колачот се става на соодветна чинија.

3. Млекото и шеќерот се става да зоврие и внимателно со лажица, целиот колач се полева со врелото млеко. Се остава да се излади и да се впие млекото кое ќе го направи колачот да е сочен.

4. Прашокот за шлаг кремот се мати со ладното млеко, и со готварски шприц се нанесува на претходно исечениот на парчиња колач.

Одозгора се посипува по желба со ореви, лешници, чоколадни трошки, рендано чоколадо, наместо шлаг крем може да се стави обичен шлаг или изматена слатка павлака, може да се премачка со некаков џем или едноставно да се јаде така без додатоци. Пробајте, секако ќе ви се допадне!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани