Брз и вкусен крем,најважно здрав :)
Урмите нема потреба да се покиснуваат во вода пред блендирање.
Сите состојки ставете ги во блендер и ставете малку вода. За почеток ставете 2 големи лажици какао. Блендирајте и додавајте по малку вода, во зависност од сочноста на урмите. Доколку користите суви урми ќе ви треба повеќе вода.
Пробајте на вкус дали ви се допаѓа и може да додадете уште какао. 

Може да стои во фрижидер и до една недела во стаклено тегличе.

На фотографијата ВАНИЛА МАФИНИ се премачкани со кремот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани